Пукање во Студеничани: Полицијата не успеа да го уапси пукачот

Синоќа околу 21 часот во селото Долно Количани, општина Студеничани, полициски службеници забележале лице кое, во присуство на поголема група граѓани, испукало неколку куршуми од пиштол во правец на толпата.

Полицијата веднаш интервенирала и му го одзела оружјето, но при обид да го приведат, присутните лица се спротивставиле на полициските службеници, по што осомничениот успеал да побегне.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителот.