Популарната македонска водителка Јелена Спенџарска ги спакува куферите и замина за Белгија. Таа се јави од Брисел, каде што ќе престојува во наредните неколку денови, а причината за ова патување пријатно ги изненади нејзините следбеници на социјалните мрежи.
Спенџарска е дел од „Content Creator Summit“, настан што ги обединува најуспешните креатори на содржини од целиот свет. Во објава на социјалните мрежи, таа искрено се потсети на својот почеток и патот што го изодела до денес:
„Понекогаш се враќам назад и се потсетувам како започна сето ова. Првите објави, првите видеа… и првите цинични коментари: ‘Што се замислува оваа?’, ‘Што глуми’, ‘Ова ли е работа?’ – сето тоа го слушав. Никој не ме сфаќаше сериозно. И еве ме денес – на Content Creator Summit, меѓу луѓе од целиот свет, учам, вложувам во себе и ја претставувам нашата држава.
Од девојка што ‘само се слика’, до жена што гради кариера во индустријата на иднината. Никогаш не дозволувај туѓите ограничувања да станат твои граници. Твојата визија не треба да им биде разбирлива на сите – доволно е ти да веруваш во неа. Денес сум горда сум на се што изградив сама, чекор по чекор. И ова е само почеток,“ напиша Спенџарска.
Со оваа инспиративна порака, таа уште еднаш покажа дека упорноста, визијата и вербата во себе се клучот за успех – без оглед на коментарите на околината.
