Вечерва во спортската сала во Велес, за време на концертот на српската фолк ѕвезда Цеца Ражнатовиќ, се случи инцидент што предизвика бурни реакции меѓу присутните.
Во еден момент од настапот, Цеца извади бугарско знаме, го стави на рамото и го бакна пред очите на публиката. Дел од присутните веднаш реагираа со негодување и свирежи, додека други ја следеа случката во неверување.
Провокативниот потег на пејачката предизвика лавина коментари на социјалните мрежи, каде снимките од настанот веќе кружат и предизвикуваат остри реакции.
Настанот се одржа како дел од нејзината турнеја, но по оваа сцена, многумина сметаат дека вечерта ќе биде запаметена не по концертот, туку по контроверзниот чин кој ја потресе јавноста.