Драма во Скопје: Го излажал дека е полицаец, му ги земал документие па го однел во пустелија да го тепа

 Скопјанец бил ограбен и физички нападнат од лице кое му се претставило како полициски службеник. Инцидентот се случил на подрачјето на Гази Баба, а случајот бил пријавен во СВР Скопје.

Според информациите од полицијата, на 28 октомври околу 00:30 часот, додека 61-годишниот М.А. од Скопје бил во своето возило, му пријде непознато лице кое тврдело дека е полициски службеник. Лажниот полицаец од него побарал документи, по што го натерал да влезе во друго возило.

Откако жртвата се повозел со осомничениот, напаѓачот му одзел пари, платежна картичка и документи, а потоа физички го нападнал. По тепачката, го симнал на подрачјето на општина Аеродром и побегнал во непознат правец.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување и пронаоѓање на сторителот на разбојништвото.