Популарниот пејач Влатко Лозаноски – Лозано неодамна го прослави првиот роденден на својот син Марко.
На својот профил на „Инстаграм“ тој сподели повеќе фотографии од славјето, но вниманието на јавноста го привлече фактот дека на ниту една од нив не се појавува мајката на детето.
Според пишувањата на порталот „Еспресо“, една фотографија од истиот настан ја открила личноста која со месеци се држеше во тајност, поранешната мис убавица Савка Грачанин.
Таа е жената со која Лозано пред неколку години беше свршен, а потоа ја раскина свршувачката. Очигледно, по одредено време, двајцата повторно се зближиле, но далеку од очите на јавноста.
Во едно претходно гостување во емисијата „Живот со стил“, Лозано отворено
зборуваше за нивниот однос, изјавувајќи:
„Со Савка сè уште сме во контакт, останавме пријатели и не гледам причина
тоа да не биде така.“
Изгледа дека нивното пријателство прераснало во нешто повеќе.
