Гавазова проговори колку пари и чини облеката: само фустанот е илјадници евра

 Познатата пејачка Сузана Гавазова синоќа беше првата гостинка во новиот подкаст на Марио Арангеловски – „Естраден лексикон“.

Во разговорот, Гавазова привлече внимание со својот одговор на прашањето колку вреди нејзиниот аутфит. Со својата искреност успеа да го изненади не само водителот, туку и гледачите кои ја следат на социјалните мрежи.

Пејачката откри дека носи креација од познатата македонска дизајнерка и претприемачка Елена Лука, чија вредност изнесува околу 5.500 евра.

Дополнително, со гордост спомена дека и нејзините чизми се луксузен потпис на Филип Плеин, набавени при шопинг во Милано, и дека чинат околу 5.000 евра.

Descriptive Alt Text

Меѓутоа, највпечатливо парче во нејзиниот изглед беше ролекс часовникот што го носеше на раката. „Тоа е подарок од мојот сопруг. Не знам точно колку чини, тој треба да каже“, изјави Гавазова со насмевка.

Настапот на пејачката предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, каде многумина коментираа за нејзиниот скап, но впечатлив стил.

Линк од видео