Голема акција на Финансиската полиција денес заврши со апсење на повеќе лица во Прилеп, поради сомнежи за тешки финансиски злоупотреби во Општата болница во градот. Според неофицијални информации на Канал 5, се работи за криминални активности во вредност од приближно 800.000 евра.
Меѓу уапсените се и поранешни директори, раководители и бизнисмени кои учествувале во сомнителни јавни набавки. Според изворите, меѓу приведените се наоѓаат поранешниот пратеник и директор од редовите на СДСМ, Кети Смилеска, Александар Спиркоски – Џемо, како и нејзиниот поранешен соработник Владимир Петрески.

Истражните органи се сомневаат дека преку фиктивни договори и манипулации со јавни набавки била направена значителна финансиска штета на болницата. Апсењата се извршени по претходно спроведена истрага, а надлежните институции најавуваат дека во текот на утрешниот ден ќе бидат објавени повеќе детали за случајот.
