(ФОТО) ЛУЃЕ СЕ ЗАРОБЕНИ ПОД УРНАТИНИТЕ: Шесткатна зграда ненадејно се урна рано утрово во Турција

 Рано утрово во турскиот град Гебзе, во областа Коџаели, се сруши шесткатна зграда од засега непознати причини. На местото веднаш пристигнаа бројни екипи за спасување, кои трагаат по можни затрупани лица под урнатините.

Градоначалникот на Гебзе, Зинур Бујукгоз, изјави дека според првичните информации во зградата живееле две семејства со вкупно седум членови, но засега не е познато дали сите се наоѓале внатре во моментот на уривањето.