Наум Петрески повторно го привлече вниманието на јавноста со својата најнова објава на социјалните мрежи, во која отворено им одговори на критичарите кои, според него, погрешно го разбрале неговиот став од минатото.
Познатиот македонски пејач објасни дека неговите реакции за време на пандемијата со ковид-19 не биле резултат на финансиски проблеми, туку на револт кон неправедната распределба на државните субвенции за музичарите.
– Сакам да биде јасно дека не сум се жалел за пари. Моето незадоволство беше поради тоа што помошта од тогашната влада на СДСМ завршуваше кај луѓе кои немаа никакви заслуги за македонската музика, некои дури и немаа врска со естрадата. Кога јавно укажав на тоа, властите се најдоа во непријатна ситуација и ми уплатија 40.000 денари, кои јас веднаш ги донирав во манастирот Св. Пречиста во Кичево, во форма на детергенти и хигиенски средства – напиша Петрески.
Тој додаде дека по тој настан сфатил колку има злоба и лицемерие околу себе, и дека повеќе нема намера да помага на секого.
– Им благодарам на добрите луѓе, а на злобните им посакувам вечен пекол, завршува неговата објава.

