ПАДНА КАКО СВЕЌА: Келнер нокаутираше гостин во кафуле

 Вчера во еден ресторан во Грачаница, Босна и Херцеговина, дошло до физичка пресметка помеѓу двајца мажи.

Според информациите на „Аваз“, келнер со силен удар нокаутирал постар маж, кој потоа паднал на подот. Настанот бил забележан од безбедносните камери.

Очевидци, кои ја испратиле снимката до „Аваз“, велат дека на местото не пристигнала ниту итната медицинска помош, ниту полицијата, и дека никој од присутните не се обидел да ги повика надлежните служби.

Descriptive Alt Text

Во моментов не е познато што ја предизвикало тепачката, ниту каква е здравствената состојба на човекот кој паднал по ударот.

Видеото содржи вознемирувачка содржина.

ЛИНК ОД ВИДЕО