Селими: Ниту ДУИ се Албанците, ниту пак ВМРО-ДПМНЕ се Македонците

 Аналитичарот Сефер Салими преку социјалните мрежи остро реагираше на денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. Тој нагласи дека е недозволиво политичките партии да се идентификуваат со цели народи.

„ДУИ не се Албанците, исто како што ниту ВМРО-ДПМНЕ се Македонците. Граѓаните, без разлика на националност, сакаат правда, ред и развој – нешто што оваа власт не го обезбедува. Првата лекција од демократијата е дека партија и народ не се исто“, истакна Салими, потсетувајќи дека во минатото ВМРО-ДПМНЕ манипулирало со свеста на Македонците, изедначувајќи критика кон ДУИ со напад врз Албанците.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, во утринските реакции кон политичките противници, порачаа дека „ДУИ не се Албанците, туку криминалната коалиција на злото“. Според нив, секоја забелешка за корупцијата во ДУИ министерот Бујар Османи ја претставува како поттик на поделби, иако токму власта на СДСМ и ДУИ, со тендери, злоупотреби и корупција, создала неправди и поделби.

Во соопштението беа споменати Бујар Османи, Артан Груби, Али Ахмети, Зоран Заев и Венко Филипче како дел од „коалицијата на злото“ која ја жртвувала државата за лични интереси.

„Албанците во Македонија не се ДУИ, исто како што Македонците не се ВМРО-ДПМНЕ. И едните и другите се чесни граѓани кои сакаат подобра иднина, а тоа не може да им го обезбеди актуелната власт. Колку и да се обидуваат борбата против криминалот да ја претворат во етничко прашање, тоа нема да им успее. Народот веќе кажа дека криминалот не се исплати, а ДУИ и СДСМ се минато“, наведоа од ВМРО-ДПМНЕ.

Descriptive Alt Text