Ноќеска, околу десет минути по полноќ, на локалниот пат што го поврзува селото Горно Чичево со Долно Чичево, во општина Градско, се случила тешка сообраќајна несреќа.
Според информациите од СВР Велес, автомобил марка „БМВ“, управуван од П.А. (22) од Градско, излетал од коловозот. При тоа, со тешки телесни повреди се здобиле возачот и тројцата сопатници, Б.П. (20) и Љ.О. (21), исто така од Градско, како и Х.Л. (22) од селото Ногаевци.
Несреќата завршила трагично за Љ.О. (21), кој им подлегнал на повредите, додека останатите повредени лица биле префрлени во Општата болница во Велес.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција, а увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Велес.