Американскиот претседател Доналд Трамп преку платформата Truth Social упати жестоки обвинувања кон милијардерот Џорџ Сорос и неговиот син, пренесе агенцијата „Ројтерс“.
Трамп оцени дека тие двајца треба да одговараат според Законот за рекетирање и коруптивни практики (RICO), обвинувајќи ги за поддршка на насилни протести и низа други активности низ целата земја.
„Сорос, заедно со неговиот радикално левичарски син и нивната група луѓе, направија огромна штета на Соединетите Американски Држави“, напиша тој, додавајќи дека на тоа учествуваат и „лудите пријатели на Сорос од Западниот Брег“.
На крај, Трамп испрати и предупредување: „Ве следиме, бидете внимателни!“.
