Во Охридското Езеро на 27 август 2025 година, околу 12:55 часот, беше пронајдено безживотното тело на В.Т. (49) од Битола. Лекарот на лице место ја потврди смртта, која настапила како последица од давење.
По наредба на Јавен обвинител беше извршена обдукција, а потоа телото им е предадено на најблиските. Увид на местото изврши екипа од ОВР Струга.
