Таксист бил претепан од патник и негови пријатели по жестока расправија која се случила синоќа пред угостителски објект во скопската општина Ѓорче Петров.
Според информациите од МВР, инцидентот бил пријавен во СВР Скопје во 23:15 часот од Ѓ.П. (41) од Скопје. Тој соопштил дека околу 22:40 часот, по вербална расправија, патникот во неговото возило заедно со уште неколку лица физички го нападнале таксистот, нанесувајќи му повреди.
Од Министерството додаваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите детали.
