Во Боливија биле пронајдени телата на еден македонски и двајца српски државјани, јавуваат медиумите. Според неофицијални информации, жртвите биле брутално мачени пред да бидат убиени, а потоа нивните тела биле ставени во црни пластични ќеси. Властите извршиле обдукција за да се утврдат точните причини за смртта, а официјалната идентификација сè уште не е потврдена.
Медиумите пренесуваат дека македонскиот државјанин е Дејанчо Л., а еден од Србите е Миљан Ќ., познат како Итри, од Ниш, наводно водач на меѓународна криминална мрежа која се занимавала со шверц на големи количини кокаин од Јужна Америка кон одредени земји во Западна Европа. Тој бил убиен пред два дена, најверојатно на територијата на Боливија.
Вториот Србин, исто така од Ниш, во Јужна Америка престојувал со фалсификувани лични документи.
