Американскиот хемичар и биолог Дејв Колум, поранешен долгогодишен соработник на „Фајзер“, во интервју со новинарот Такер Карлсон изнесе серија тврдења и контроверзни ставови за КОВИД-19, вакцините и потеклото на вирусот.
Колум вели дека постојат научни трудови кои го доведуваат во прашање безбедноста на вакцините, па дури и ги поврзуваат со зголемен број смртни случаи. Според него, бројни истражувања кои како што тврди долго време биле „замолчувани“ сега се појавуваат во научната литература. Тој ја нарече вакцинацијата „една од најголемите катастрофи предизвикани од човекот во современото време“.
Во разговорот со Карлсон, Колум се осврна и на потеклото на вирусот. Тој смета дека КОВИД-19 можеби не потекнува од кинеската лабораторија во Вухан, туку од лабораторија во Северна Каролина, а потоа бил префрлен во Кина за понатамошни истражувања. Како аргумент, се наведува т.н. „патентна патека“ – регистрирани патенти поврзани со коронавирусите и вакцините, кои наводно укажуваат на рани експерименти.
Колум, кој е член на групата „Лекари за КОВИД-Етика“, се вбројува меѓу познатите критичари на официјалната здравствена политика за време на пандемијата. Тој, исто така, остро ја критикуваше улогата на д-р Ентони Фаучи и мерките за карантин, кои според него предизвикале долгорочни штети врз образованието и здравјето на младите генерации.
Иако дел од неговите ставови се оценуваат како контроверзни и често се оспоруваат од научната заедница, тие повторно ја отвораат дебатата за транспарентноста на истражувањата, ефектите од вакцините и вистинското потекло на пандемијата.
