Се огласи Вељко Ражнатовиќ по веста дека е претепан од Албанец од Куманово

 Вељко Ражнатовиќ, синот на Цеца, денеска на социјалните мрежи сподели статија од албански медиуми во која се тврди дека бил наводно претепан од албански боксер „среде Цирих“.

Ражнатовиќ со години се занимава со бокс, постигнувајќи неколку поскромни успеси во спортот. Иако ретко објавува содржини поврзани со својата кариера, овојпат реши да сподели нешто што предизвика големо внимание.

Во статијата се прикажани фотографии од него и лицето Астрит Сејди од Куманово, за кого се тврди дека наводно го победил Вељко, веројатно на некаков натпревар.

Ваквите тврдења го насмеале Ражнатовиќ, па ја објави веста со коментар: „Што е ова, драга мајко…“.