Во Тетово денеска се случи вооружен инцидент при кој едно лице го загуби животот, јавува „4Њуз“. Според првичните информации, пукањето е поврзано со долгогодишен конфликт помеѓу две семејства.
Полицијата е на местото на настанот и врши увид, додека истрагата за мотивите и сторителите е во тек. На терен е и екипа на Итната медицинска помош.
