ФОТО: Ова е загинатиот полицискиот инспектор кој падна од 4 спрат откако крадел од стан

 Полицискиот инспектор Мухамед Жижиќ трагично го загубил животот при обид за бегство, откако се спуштал по олукот од третиот кат од еден стан. Во моментот на несреќата тој не бил на службена должност.

Според информациите на полицијата од округот Брчко, на 21 август 2025 година, во 1:06 часот по полноќ, било пријавено дека на улицата Браќа Рибника се слуша силна врева и удирање во еден стан. Бидејќи сопственикот не бил присутен, постоело сомневање дека се работи за провала.

При доаѓањето на полицијата, било утврдено дека непознато лице со оригинален клуч влегло во станот и се обидело да отвори сеф. Обидувајќи се да избега, лицето паднало од третиот кат и починало од тешките повреди. Подоцна било потврдено дека станува збор за полицискиот инспектор Мухамед Жижиќ.

Во близина на местото на настанот, во неговото возило, полицијата ја затекнала поранешната сопруга на сопственикот на станот, за која постои сомневање дека е вмешана во кривичното дело. На лице место веднаш била спроведена истрага.

Неофицијалните информации укажуваат дека Жижиќ се обидувал да го обие сефот, а клучот од станот го добил токму од поранешната сопруга на сопственикот, со која имал емотивна врска.

Трагичниот случај добива уште поголема мистерија поради фактот што, според монтерите, телекомуникациските кабли кон зградата биле пресечени уште претходната вечер. Иако биле поправени, повторно биле оштетени за време на ноќта, што отвора сомнеж за можноста дека зад настанот стоеле повеќе лица и дека истиот бил однапред испланиран.

Полицијата од Брчко соопшти дека, во координација со Обвинителството, продолжува со истражните активности за целосно расветлување на околностите околу овој необичен и трагичен случај.