Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера околу 16:20 часот на регионалниот пат Скопје – Тетово, при што животот го загубила девојка на 19-годишна возраст.
Според информациите од МВР, автомобил марка „БМВ“ со скопски регистарски таблички, управуван од 22-годишната М.Џ. од селото Семениште, општина Сарај, излетал од коловозот и се превртел.
Во несреќата тешко била повредена сопатничката В.М. (19), исто така од Семениште, која била итно префрлена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. За жал, околу 17:40 часот, лекарите ја констатирале нејзината смрт.
Другите три сопатнички – А.М. (21), А.М. (21) и Р.М. (24), сите од истото село, се здобиле со телесни повреди и биле хоспитализирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје.
На самото место на несреќата увид извршиле екипа од СВР Скопје и јавен обвинител, по чии насоки телото на починатата е предадено на обдукција.