Заев со честитка до Ципрас по повод седум години од Преспанскиот договор

 Поранешниот премиер Зоран Заев, по повод седумгодишнината од потпишувањето на Договорот од Преспа, упати честитка до поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас

„Во ова време на војни и хаотичен свет, сè повеќе сум среќен што успеавме да го постигнеме Преспанскиот договор, да изградиме трајно пријателство меѓу соседните земји Северна Македонија и Грција, но и да оставиме исклучително позитивна трага на Балканот, во Европа и во светот – дека договори можат да се постигнат по дипломатски пат, дури и за најтешките прашања меѓу државите“ порачал Заев. На овој ден во 2018 година, во местото Нивици беше потпишан Договорот помеѓу Македонија и Грција со што се стави крај на тридеценискиот спор меѓу двете држави.