ПУКАЊЕ ВО УЧИЛИШТЕ ВО АВСТРИЈА УБИЕНИ СЕ НАД 10 УЧЕНИЦИ И НАСТАВНИЦИ

 Над десет ученици и професори се убиени по пукање во австрискиот град Грац. Според првичните информации, вооружен човек влегол во средно училиште и отворил оган. Од снимките кои веќе се шират на социјалнтие мрежи може да се види дека тешко повредените со хеликоптер се пренесуваат низ болниците.

Истовремено, полицијата го заштити целиот периметар околу училиштето. Притоа, објавена е и снимка од училница, а на која се слушаат пукотници.

Порталот ORF, исто така, јавува дека се верува дека осомничениот напаѓач извршил самоубиство.

Сите медиуми напоменуваат дека ова се првични информации и неофицијални. Повеќе информации во текот на денот.

Линк од видеото