РАДИЈАЦИЈА ИЗМЕРЕНА НАД БИТОЛА: Граѓаните да избегнуваат престој на отворено

 Над Битола се појави радиоактивен облак што потекнува од неправилно одложување на токсична пепел во кругот на РЕК Битола. Оваа пепел, која настанува при согорување на јаглен, не била затрупана со земја како што налагаат еколошките прописи – што довело до нејзино разнесување низ воздухот.

По реакциите и снимките на социјалните мрежи, Обвинителството отвори истрага, а инспекцискиот надзор утврди сериозни пропусти. Надлежните потврдија дека пепелта е опасна и содржи радиоактивни честички.

Граѓаните се предупредуваат да го избегнуваат престојот на отворено, особено во близина на РЕК и при зголемен ветер. Состојбата се следи, но засега нема конкретни мерки за заштита на населението.