Полицискиот службеник Ангел Самараков, член на личното обезбедување на премиерот Христијан Мицкоски, е уапсен под сомнение за предавање на доверливи полициски документи на трето лице.

Според информации до кои дојде Инфомакс, Самараков бил фатен на паркингот на хотелот „Гарденија“ во Велес, додека на лице од скопското село Грчец му предавал материјал означен како „Строго доверливо“. По апсењето, полицијата извршила претрес во неговиот дом, каде биле пронајдени дополнителни службени документи.
Самараков претходно работел како инспектор во СВР Велес, но по смената на власта бил унапреден во тимот за лична заштита на премиерот. Тој е познат како активен член на полицискиот синдикат и често бил присутен на средби со пратеници на ВМРО-ДПМНЕ.

МВР засега не ја потврдува ниту ја демантира информацијата, но најави официјално соопштение во текот на денот.
