Познатата српска пејачка за дискотеката „Пулс“: Кога дојдовме пред диското, мислев дека сме ја згрешила адресата – но внатре изгледа како вселенски брод!

 Трагедијата што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани остави длабока рана во Македонија и на целиот Балкан. Сочувството и поддршката пристигнуваат од сите страни, а меѓу оние кои јавно ја изразија својата тага е и српската пејачка Марија Микиќ.

Микиќ сподели дека во минатото имала настапи во дискотеката „Пулс“ и дека тоа место ѝ останало во сеќавање како простор исполнет со енергија, млади луѓе и музика. Во едно од своите интервјуа, таа го опиша клубот како место каде младите доаѓале да се забавуваат и да создаваат спомени, никогаш не помислувајќи дека таму ќе се случи ваква незамислива трагедија.

„Ќе бидам потполно искрена... Кога пристигнавме пред клубот, помисливме дека сме на погрешна адреса. Но, кога влеговме внатре, приказната беше сосема поинаква – изгледаше како вселенски брод. Контрастот меѓу надворешниот изглед и внатрешната атмосфера беше неверојатен. Публиката беше фантастична, енергијата извонредна – нешто што не очекував од едно мало место како Кочани. Навистина се наежив“, изјави пејачката.