Фудбалската федерација на Македонија отвори дисциплинска постапка против ФК Шкендија поради недоличното однесување на нивните навивачи и непочитувањето на минутата молк во чест на жртвите од трагичната несреќа.
„Овој чин претставува недозволиво непочитување кон загинатите и нивните семејства. ФФМ ќе преземе соодветни мерки согласно правилата, со цел да спречи слични постапки во иднина,“ стои во соопштението на федерацијата.

ФФМ посочи дека вакво однесување нема место во фудбалот и ги пофали играчите на Шкендија Арачиново за нивниот пример на достоинство и почит.

Како потсетување, пред неколку недели трибините со гостински навивачи во Струга беа испразнети поради слични инциденти, а федерацијата нагласи дека истите мерки ќе важат за сите клубови, без исклучок.
„Фудбалот мора да остане спорт на почит и достоинство“, заклучуваат од ФФМ.