Тешка сообраќајка на патот Куманово-Крива Паланка - 7 лица повредени


 Четири возила учествувале во сообраќајната несреќа што се случи денеска на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка во атарот на Младо Нагоричане, соопшти СВР Куманово. Во несреќата биле повредени седум лица, од кои петмина со полесни повреди, а двајца се задржани на лекување во Општата болница Куманово, информираа од итната помош.

– На магистралниот пат се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „опел астра“ со кривопаланечки регистарски ознаки управувано од Т.И. (64) од Крива Паланка, „БМВ“ со кумановски регистарски ознаки управувано од А.К. (36) од село Алгуња, Општина Старо Нагоричане, „форд куга“ со скопски регистарски ознаки управувано од П.П.(60) од Скопје и возило „волво“ со скопски регистарски ознаки управувано од Б.Н.Т. (31) од Скопје. Во незгодата со повреди констатирани од лекар од Општа болница Куманово се здобиле возачите Т.И., А.К. Б.Н.Т и сопатниците С.С., А.К., С.К. и А. К, соопшти полицијата.

Докторот Муајед Амети од итната помош Куманово изјави дека двајцата задржани се поради сериозноста на повредите, додека останатите петмина биле пуштени на домашно лекување.

Увид извршила екипа од СВР Куманово.