Македонскиот кикбоксер Бобан Илиоски денеска забележа победа против Гркот Филип Христос, со што обезбеди пласман во финалето.
Илиоски доминираше од самиот почеток и ја заврши борбата со прекин уште во првата рунда.
Во борбата за златниот медал, Илиоски ќе се соочи со Полјакот Ерик Невеовски. Претходно денес, Стефан Михајловски освои бронзен медал, откако во полуфиналето загуби од Украинецот Серхи Бабенко со 2:1 во категоријата кик лајт.
На Европското првенство во Атина учествуваат 982 натпреварувачи од 41 држава.