Две лица загинаа во престрелка што се случила во кафеана во Клина, пренесоа приштинските медиуми.
Обвинителката на Основното обвинителство на Пеќ, Сахиде Гаши, даде изјава од местото на настанот, при што посочи дека жртвите се млади лица. Осомничениот е приведен.
„Овој трагичен настан вечерва го потресе цело Косово“, рече обвинителката, додавајќи: „Станува збор за трагичен случај во кој двајца млади луѓе го загубија животот. Засега немаме повеќе детали што можеме да ги споделиме. Продолжуваме со собирање докази и испитување на местото на инцидентот. Телата на починатите ќе бидат испратени на обдукција, а осомничениот, исто така млад човек, е уапсен благодарение на брзата реакција на полицијата.“
На прашањето за можниот мотив зад двојното убиство, Гаши изјави: „Прерано е да се изнесуваат информации за мотивот.“