Бугарите си ја присвоива ,,Македонска крвава свадба"

Бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола, иако е избришан од Централниот регистар, продолжува со своите активности. На 4 ноември, денот на ослободувањето на Битола, антологиската драма на Војдан Чернодрински, „Македонска крвава свадба,“ беше претставена во овој клуб како дел од бугарското културно наследство. Потпретседателката на македонското Собрание, Весна Бендевска, го осуди ова и информираше дека го известила битолското обвинителство за случувањата.


На 1 ноември бугарскиот клуб одржа настан на кој се истакна дека Војдан Чернодрински е бугарски преродбеник, а неговата драма „Македонска крвава свадба“ е дел од бугарското културно наследство и ја симболизира борбата и стремежот за слобода на Бугарите. Промоторот на книгата, Калин Крумов, изјави: „Сижето е познато, двајца млади се вљубуваат, Турците ја грабаат девојката, а Бугарите се спротивставуваат“, истакнувајќи дека при објавувањето користеле оригинални текстови без замена на зборовите „Бугарка“ со „Македонка“ и „Бугарија“ со „Македонија“.

Ова предизвика реакции, а Лидија Бендевска го осуди настанот како „провокација и повреда на македонските национални чувства“. Таа информираше дека го известила Обвинителството за активностите на клубот и постави прашање дали институциите можат да забранат дејствување на ова здружение, кое беше избришано од Централниот регистар минатата година поради името „Ванчо Михајлов“, што е поврзано со фашистичка колаборација за време на Втората светска војна.

Во март, клубот беше обврзан да го промени името во согласност со Законот за здруженија и фондации, кој забранува имиња поврзани со нацизам и фашизам, но до денес не ги усогласил своите активности.