ТАГА И НЕВЕРУВАЊЕ: На само 22 годишна возраст ненадејно згасна животот на повеќекратната шампионка Хана Влашиќ


Тажна вест ја потресе хрватската таеквондо федерација. На 22-годишна возраст ненадејно почина врвната атлетичарка Хана Влашиќ.

„Хана освои бројни државни златни медали и се закити со титулите европски кадетски шампион во Родос, Грција 2017, европски јуниорски шампион во Анталија, Турција 2019 и петтото место на Светското првенство за кадети Лима, Перу 2016.

Таа беше вистински пример за спортист, посветена и бескомпромисна во своите спортски амбиции. Нејзиниот белег во хрватската таеквондо историја ќе остане засекогаш“, соопшти Хрватскиот таеквондо сојуз.