Косовската претседателка му честиташе на Африм Гаши без македонското знаме

 


Косовската претседателка Вјоса Османи му го честиташе на Африм Гаши изборот за претседател на македонското собрание со фотографија на која ги има знамето и грбот на Косово, но нема ниту еден државен симбол на Македонија.

– Честитки до новоизбраниот претседател на Собранието на Македонија, г. Африм Гаши.

Албанците од Македонија одиграа клучна улога во формирањето и градењето на државата на Македонија, додека денес тие се клучни придонесувачи за нејзината европска перспектива.

Нашите земји уживаат одлични меѓусоседски односи, засновани на меѓусебно почитување, пријателство и соработка.