Ковачевски: Подготвени сме за нова победа на 8 мај на СДСМ и проевропската коалиција

 

Лидерот на СДСМ и доскорешен премиер, Димитар Ковачевски, ова го изјави во обраќањето од вечерашното отворање на промотивната канцеларија на Изборната единица 1 во скопски Центар. Оцени дека ова ќе биде година на европска Македонија, а дека СДСМ ќе победи на претстојните парламентарни избори на 8 мај

На изборите на 8 мај пред граѓаните се два концепта – првиот нуди поголеми плати, пензии, инвестиции и повеќе пари за граѓаните со СДСМ и европскиот фронт, а вториот нуди помали плати, работници како евтина работна сила и фрлање пари за споменици, жални врби и криминални проекти со ВМРО-ДПМНЕ.