Кој колку собра: Димитриевски најблиску до 10.000 потписи, Ванковска и Јакимовски сешуте ја немаат потребната бројка
Блиску до границата се градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, зад чија кандидатура се потпишале 8.400 граѓани, и кандидатката на Левица, професорката Билјана Ванковска, која досега има собрано 6.237 потписи. Кандидатот на здружената албанска опозициција, Арбен Таравари, досега има писмена поддршка од 7.513 граѓани, а градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски од 4.718.
Заедно со уште двајцата главни ривали, Стево Пендаровски и Гордана Силјановска-Давкова, за чии кандидатури ќе се одлучува викендов во СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, тоа се седум претенденти во претседателската трка.
За другите кандидати ќе биде исклучително тешко до 8 март да ги соберат потребните потписи. Најдобар скор од нив има Мерсиха Смаиловиќ – 696, додека за кандидатот Томе Николоски нема ниеден потпис. За својата кандидатура не се потпишал ни самиот тој.