На социјалните мрежи се појави ново видео од трагичниот пожар во дискотеката "Пулс" во Кочани. На видеото се гледа дека просторот е преполн, а присутните се во паника, обидувајќи се да излезат од диското.
Прашањето што се поставува е кој дозволил толку многу гости да бидат во толку мал просто.
Истражните органи веќе работат на утврдување на причината за пожарот и одговорноста на оние што дозволиле ваква ситуација. Оваа трагедија ќе има трајни последици и ќе поттикне дебата за подобрување на безбедноста на јавните настани во земјава.