Утрово, околу 10:55 часот, во Градската болница бил донесен 49-годишен маж со две прострелни повреди во пределот на градниот кош, без знаци на живот. Од здравствената установа потврдија дека и покрај веднаш преземените обиди за реанимација, било утврдено дека мажот починал пред да биде примен во болницата.
„Околу 10:55 часот кај нас беше донесен маж на возраст од 49 години со две прострелни рани во пределот на градниот кош. Лекарскиот тим веднаш започна со реанимација, но за жал беше констатирано дека пациентот веќе починал“, изјавија од Градската болница.
Засега не се познати точните околности под кои дошло до инцидентот, ниту причината за пукањето. Надлежните институции започнаа истрага за да го расветлат случајот. Според првичните информации, станува збор за Агим Мухареми од селото Батинци, кој бил припадник на Армијата на Северна Македонија.