Паника во Прилеп: Вооружен маж држи заложници


  Вечерва над Прилеп владее напната атмосфера, додека хеликоптери кружат над градот поради како што се претпоставува, драматична заложничка криза. Според засега неофицијалниж информации, вооружено лице наводно држи повеќе лица во заложништво, а се зборува и дека има убиени.

На терен се забележуваат бројни полициски сили, кои со засилена подготвеност ја обезбедуваат областа. Според извори блиски до истрагата, во тек е мобилизација на специјални единици, а се очекува и пристигнување на обучен полициски преговарач.

Сѐ уште нема потврдени детали за евентуални жртви или повредени, што само ја зголемува загриженоста кај граѓаните.