ПОЧИВАЈТЕ ВО МИР: Објавена фотографија од убиените татко и син во Прилеп

 Двојно убиство и самоубиство синоќа се случило во Прилеп. Според неофицијални информации од наши извори, драмата се одвивала за време на семејна веселба.

На терен во месноста каде се случил ужасниот настан, има силно полициско присуство.

Информации од МВР се очекува во текот на утрото. На социјалните мрежи се објавува и фотографија од жртвите на напаѓачот.

Иако се уште нема детали од МВР и ОЈО, од она што го пренесуваат медиумите и сведоци на настанот, во вчерашниот инцидент вујко ги убил својот малолетен внук и неговиот таткот (зет на убиецот) во неговата куќа во една од прилепските населби.

Убиецот фрлил и експлозивна направа, пукал кон полицијата, по што некаде после полноќ самиот си го одзел животот.

Повеќе информации за мотивите и причините за двојното убиство, очекуваме во МВР и ОЈО во текот на денот.