Страшна трагедија ноќеска во Македонија: Згасна животот на 16 годишно дете


 На 17 јули 2025 година, околу 01:40 часот, во СВР Охрид била пријавена сообраќајна несреќа која се случила на регионалниот пат Охрид – Св. Наум, во близина на населбата Рача, кај стариот приод кон хотелот Парк. Според пријавеното, мопед управуван од 16-годишно момче од Охрид излетал од коловозот и удрил во метален столб.

Возачот се здобил со тешки телесни повреди и бил итно пренесен со возило на Брза помош во Општата болница во Охрид, каде, за жал, им подлегнал на повредите. Неговиот сопатник, исто така 16-годишен охриѓанец, се здобил со сериозни повреди, кои биле дијагностицирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

По наредба на јавен обвинител, на местото на настанот увид извршила екипа од СВР Охрид.